Утрински Весник
Македонија

Пендаровски најавува лидерска средба во првата половина на мај

Пендаровски: Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Претседателот Стево Пендаровски планира да организира лидерска средба во првата половина на следниот месец.
Како што потврдија за МИА од Кабинетот на претседателот, на средбата во мај ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори.
– Во овој период сите напори и државни ресурси треба да бидат насочени кон справување со пандемијата на коронавирусот, изјавија за МИА од Кабинетот на претседателот Пенадровски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа јавно го повика шефот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието. мд/мч/

                    

                    

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Османи: Комунициравме со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме предвремени избори напролет

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието