Утрински Весник
Македонија

Пендаровски во Киев на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

Пендаровски во Киев на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина.

На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во палатата Маријински, претседателот Пендаровски присуствуваше на прием, приреден од украинскиот претседател Зеленски.

Прославата на 30-годишнината од независноста на Украина се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“ со присуство на над четириесетина делегации од земји и меѓународни организации со стотици странски гости, вклучително и шефови на држави, претставници на странски влади и парламенти.

Можете да прочитате

Висок раст на цените во земјоделието – зеленчукот поскапел за 63,3%, а овошјето за 33%

МВР: Билјана Ивановска не е предмет на полициска истрага

Голем пожар во Јажинце – патот кон граничниот премин затворен