Утрински Весник
Македонија

Педесет и две крвни единици собрани во крводарителска акција во Делчево

Педесет и две крвни единици собрани во крводарителска акција во Делчево

Делчево, 5 март 2020 (МИА) – Успешно заврши редовната мартовска крводарителска акција во Делчево што ја организираше Општинската организација на Црвениот крст. Како што информира претседателката Билјана Георгиевска, собрани се 52 крвни единици.

-И денеска хуманите граѓани даруваа крв, при што во рамки на акцијата која се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип успеавме да забележиме бројка од 52 крвни единици, односно 52 крводарители денес даруваа од капката која за некого значи живот, истакна Георгиевска.

Оние кои не успеаја да даруват крв денеска, Георгиевска ги покани тоа да го сторат во рамки на следната акција во април. Воедно ја најави утрешната крводарителска акција која ќе се спроведе со крводарителите од Македонска каменица.

Општинската организација на Црвениот крст ги потсетува редовните крводарители кои дарувале крв 50 и 75 пати да се јават во просториите на Црвен крст заради учество на свеченоста на која ќе бидат доделни благодарници и признанија. вс/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

31 годишен наставник од Битола осомничен за детска порнографија

Владата го уништува средното земјоделско училиште во Битола, велат од Левица

СДСМ: ВМРО-ОКГ и Тошковски ги деградираат професионалците и инсталираат партиска војска во полицијата