Утрински Весник
Македонија

Пациент во болницата „8 Септември“ скокнал од прозор и починал

Тројца починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Пациент кој се лекувал на интензивна нега во градската болница „8 Септември“, а кој бил и под психијатриска обсервација, утрово се самоубил скокајќи од прозор.

„На ден 10.02.2021 година, пациент хоспитализиран во интензивна нега во ЈЗУ ГОБ „8 Септември“ – Скопје (пациент А.Ц., роден 1950 год.), во тешка состојба, и под психијатриска контрола и обсервација, и покрај сите преземени мерки, во утринските часови, скокнал од прозорец од прв спрат“, велат од болницата.

Од таму додаваат дека и покрај преземените реанимациони постапки од страна на дежурната екипа, во 7.30 часот пациентот починал.

Од болницата информираат дека се известени сите надлежни институции. Направен е увид на местот, телото е предадено на обдукција, а здравствениот инспекторат врши вонреден инспекциски надзор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Затворен патот Тетово–Јажинце, багери копаат за да го спречат огнот

Лажна помош на патиштата – нов трик со кој измамниците ве оставаат без пари

Пожарот во Јажинце ставен под контрола