Утрински Весник
Македонија

Патронажна служба ќе носи инсулин за пациенти до нивните домови во Неготино

Патронажна служба ќе носи инсулин за пациенти до нивните домови во Неготино

Неготино, 1 април 2020 (МИА) – ЈЗУ Здравствен дом Неготино денеска го известува населението од општините Неготино и Демир Капија, дека во континуитет ќе ги снабдува пациентите со инсулинска терапија до нивните домови, со помош на патронажната служба.

-Целта на оваа активност е да ги намалиме директните контакти на оваа ризична група на пациенти. Заради тоа, снабдувањето на пациентите со инсулин, најпрво ќе започне од селските населби чии жители користат јавен превоз, а потоа ќе продолжи и во градските населби, со приоритет на повозрасната група граѓани, соопштија од Здравствениот дом.

Оттаму известија дека одделот за подигање на инсулинска терапија ќе работи како и досега, со полно работно време и со редовни прегледи од интернист-дијабетолог. свд/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

Жена настрадала по експлозија на бојлер во викендичка

Автомобил удрил во електричен тротинет, повредени 15 годишно момче