Утрински Весник
Магазин

Патрик Демпси се враќа во продолжението на „Маѓепсана“

Патрик Демпси се враќа во продолжението на „Маѓепсана“

По повеќе од една деценија од премиерата на Дизниевиот „Маѓепсана“ (Enchanted) неодамна беше објавено дека филмот-бајка ќе добие продолжение за „Дизни плус“.

Првично, се знаеше само дека актерката Ејми Адамс ќе ја репризира улогата на Жизел во продолжението. А сега, според порталот „ Дисинсајдер“, се чини дека Патрик Демпси, кој го играше Роберт Филип во првиот филм, ќе се врати и повторно ќе ја преземе улогата.

Роберт беше човекот во кој Жизел се вљуби при крајот на филмот, по пристигнувањето во реалниот свет. Порталот, исто така, наведува дека продолжението ќе ја врати и Морган, ќерката на Роберт од оригиналниот филм.

„Маѓепсани“ – злобната кралица (Сузан Сарандон) ја протерува принцезата Жизел (Еми Адамс) од замокот и од нејзината магична земја. Таа одеднаш се наоѓа среде мешаница во Менхетн, Њујорк. Шокирана од новото опкружување, кое нема врска со нејзиниот дотогашен живот, Жизел бара начин да преживее, принудена да се снаоѓа во хаотичниот свет кому очајно му треба малку магија. Почнува да се вљубува во шармантен адвокат (Патрик Демпси), иако му е ветена на совршениот принц од бајките во својата земја. Поради оваа дилема Жизел се запрашува дали таквата љубов од бајка може да преживее во вистинскиот свет.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дали навистина постои разлика помеѓу фактор 30 и фактор 50?

Ставете го ова растение на тераса и комарците ќе бегаат

Овие лица не смеат да јадат лубеница: Еве зошто може да биде погубна за здравјето