Утрински Весник
Свет

Патник скокнал од авион во движење на аеродром во Лос Анџелес

Патник скокнал од авион во движење на аеродром во Лос Анџелес

Патник скокнал од авион во движење на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, соопштија денеска властите.

На летот Скај Вест 5365, во моментот кога авионот започнал да се движи, човекот се обидел неуспешно прво да ја пробие пилотската кабина, а потоа успеал да ја отвори вратата од товарниот дел и да скокне по лизгачот за евакуација на асфалтот, соопштија официјални лица од аеродромот објавија агенциите.

Мажот бил приведен на пистата, му била укажана помош поради повреди не толку опасни по живот и бил пренесен во болница, објавија властите.

Авионот, кој се движел кон Солт Лејк Сити, останал на аеродромот поради дополнителни проверки и полициска истрага уште некое време, а утврдено е дека никој друг во авионот не е повреден.

Ова е втор инцидент во овој град во Калифорнија во последните два дена, откако возач на автомобил проби ограда во четвртокот вечерта и влезе на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, а полицијата соопшти дека мажот е уапсен и дека никој во инцидентот не беше повреден а дека две писти беа кратко затворени.

Можете да прочитате

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием