Утрински Весник
Спорт

Партнер на Премиер лига ги повика клубовите да го блокираат договорот со Њукасл

Извршен директор на Премиер лигата: Ако сезоната 2019/20 не заврши, ќе изгубиме милијарда фунти

Лондон, 22 април 2020 (МИА) – Меѓународен партнер на најголемата лига за емитување натпревари – „БЕИН Спортс“ (beIN Sports), сака клубовите во елитата на Англија да ја блокираат продажбата на Њукасл на Саудискиот државен инвестициски фонд, предводен од принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

Компанијата со седиште во Катар очекува клубовите да го сопрат договорот вреден 300 милиони фунти, предупредувајќи на вмешаност на Саудиска Арабија за ТВ пиратството поради конфликт со пиратскиот канал „beoutQ“ што емитува натпревари нелегално.

„БЕИН Спортс“, кој дава 500 милиони фунти за клубовите за 3 години, им напиша писмо на сите во Премиер лигата.

„Опасноста од контролирање и материјален интерес во значаен клуб од Премиер лигата од она, што претставува владата на Саудиска Арабија, не може да биде игнорирано, со оглед на претходните (и сè уште тековни) нелегални акти кои имаат директен ефект врз комерцијалниот аспект на Премиер лигата, тамошните клубови, партнерите за емитување и целиот фудбал. Како долгогодишен партнер и огромен инвеститор во Премиер лигата, ве повикуваме внимателно да ја разгледате можноста за тоа да се случи“, предупреди „БЕИН Спортс“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Фенербахче испрати понуда до Жозе Мурињо

Ига Свјонтек првата полуфиналистка на турнирот во Рим

Тотенхем може да пресуди кој ќе биде поблиску до шампионската титула во Премиер лигата