Утрински Весник
Политички Партии

Партијата за движење на Турците го oдбележа 19 Мај – Денот на сеќавање на Ататурк

Ss2

Партијата за движење на Турците (ТХП) во преполната сала на Филхармонија на Северна Македонија во еуфорична атмосфера го прослави 19 Мај – Ден на сеќавање на Ататурк и празник на младоста и спортот.

„На настанот кој беше проследен и со музички дел присуствуваа претставници на политички партии, невладин сектор, дипломатски претставници, универзитетска професори, како и голем број на млади“, информираат од партијата.

300x250 (7)

Пред присутните свои обраќања имаа претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, кој ја истакна важноста на нераскинливите длабоки врски меѓу турската заедница и Република Северна Македонија, осврнувајќи се на потребата за негување на општествената кохезија и концептот на едно општество за сите, како и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која упати честитки по повод 19 Мај.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт