Утрински Весник
Македонија

Парични награди наместо екскурзија низ Европа за најдобрите 10 делчевски матуранти

Парични награди наместо екскурзија низ Европа за најдобрите 10 делчевски матуранти
Ss2

Делчево, 22 мај 2020 (МИА) – Наместо традиционалната и планирана екскурзија низ Европа која е одложена поради актуелната состојба, десетте најдобри матуранти од делчевската гимназија, ќе добијат парични награди од Буџетот на Општина Делчево за поддршка на млади таленти. Одлуката на предлог на градоначалникот Горан Трајковски ја усвои Советот на Општина Делчево, со што согласно одлуката, 10-те најдобри матуранти од гимназијата „М.М.Брицо“ од Делчево ќе добијат парична награда во износ од 20.000 денари.

-Претходно беше донесена Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2020. Согласно со Уредбата на Владата, пренамената е во износ од 70%, односно 252.000 денари, кои ќе бидат доделени во форма на поддршка на млади таленти на десетте најдобри матуранти од СОУ „М.М.Брицо“, беше истакнато во образложението на седницата на Советот на општината.
На 40 Седница на Советот, советниците за приоритетен инвестициски проект го утврдија потпроектот „Одделување на фекалната од атмосферската канализација на Милково брдо, Делчево.
Финансиската рамка на потпроектот е определена согласно со предвидената инвестициска вредност и изнесува 10,9 милиони денари.
Меѓу другите одлуки, советниците ја усвоија и Програмата за работа на Одделението за превенција, заштита и спасување, Одлуката за времено финансирање на Здружението за рурален развој ЛАГ „Малеш-Пијанец“ од Општина Делчево како соосновач, како и одлуката за плаќање на членарина на Општина Делчево како соосновач на Здружение за рурален развој ЛАГ „Малеш-Пијанец“ за 2020 година.
Делчевските советници ја утврдија и листата на информации од јавен карактер на Општина Делчево, а донесоа и повеќе одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти надвор од планскиот опфат. вс/нд/

Извор: mia.mk

300x250 (7)
Ss1

Можете да прочитате

Бојмацалиев на промоција на нови полициски службеници: Ги осигуравме интегритетот и чесноста на полициските службеници

Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа

Пред седум години сакаа да го убијат, а денес му нудат соработка, ќе има ли коалиција ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ?