Утрински Весник
Македонија

Парите за одбележување на денот на општина Босилово донирани во хуманитарни цели

Парите за одбележување на денот на општина Босилово донирани во хуманитарни цели

Струмица, 10 април 2020 (МИА) – Средствата кои изминатите години ги користевме за одбележување на денот на општината, 10 април, годинава ќе имаат хуманитарна цел да им се помогне на оние на кои во овој период им е најпотребно, соопшти градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков.

-Оваа година денот на општината за прв пат го прославуваме во вонредна состојба и без јавни настани поради мерките применети поради заканата од коронавирусот. Во овие моменти, сите ние сме исправени да ја водиме битката пред, можеби, најголемиот светски здравствен предизвик на нашата, но и на другите генерации. Коронавирусот од корен го измени нашето секојдневие и ќе остави трајни промени во нашите животи,пред се во тоа како да ги гледаме и да уживаме во едноставните работи во животот, што досега не сме ги забележувале или сме немале време да ги забележиме. Но, во оваа битка со нашиот заеднички непријател сите ние мора да бидеме херои и да излеземе победници, напиша градоначалникот Зимбаков во обраќањето.

Општина Босилово за прв пат е основана на 10 април 1952 година и така функционирала до 1963 година, кога со закон се укинати сите рурални општини. Во 1996 година, со новиот закон за територијална поделба, повторно е формирана како општина со седиште во населеното место Босилово и денес таа опфаќа вкупно 16 населени места со површина од 160 квадратни километри и вкупно 14.260 жители. рт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата

СДСМ: Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО

Мицкоски со поголема плата од премиерите на Србија, Црна Гора, БИХ и Косово