Утрински Весник
Македонија

Северниот дел на Кичево без вода за пиење

Северниот дел на Кичево без вода за пиење

Кичево, 10 април 2020 (МИА) – Северниот дел на општина Кичево, од синоќа нема вода за пиење поради дефект на главната водоводна цевка во близина на селото Осломеј.

Од јавното претпријатие „Студенчица“ информираат дека екипите работат на отстранување на дефектот.

– Се очекува до крајот на денот дефектот да биде саниран и ситуацијата со вода за пиење за овој регион да се нормализира, вели директорот на претпријатието Урим Ахмети. рз/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шест нови случаи на западнонилска треска за еден ден, вирусот стигна и во Куманово

Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Направивме многу отстапки за ЕУ, но, за жал, нè предадоа и нè излажаа