Утрински Весник
Свет

Папата со декрет им овозможи поголема рамноправност на жените во Црквата

Папата со декрет им овозможи поголема рамноправност на жените во Црквата

Папата Франциско донесе одлука со која им се дозволува на жените формално да читаат молитви, да служат на олтарот и да се причестуваат за време на обредите во црквата, што е уште еден чекор напред во изедначувањето на правата на жените во Римокатоличката црква.

Со декрет денес Папата го официјализираше она што со години се случува во многу развиени земји, а со воведување на промена на Канонскиот закон на Католичката црква, ќе биде невозможно конзервативните бискупи да ги спречат жените во нивните епархии да ги извршуваат тие свети дела, пренесува „Ројтерс“.

Објавувајќи ја одлуката на папата, Ватикан истакна дека овие новододелени улоги на жените се суштински различни од службата што ја вршат назначени свештеници.

Римокатоличката црква дозволува да бидат свештеници само мажите, а жените традиционално беа само на маргините на администрацијата на Ватикан до неодамна, кога Италијанката Франческа Ди Џовани ја презеде нововосоздадената позиција во Канцеларијата за односи со државите, каде што ќе биде потсекретарка, односно еден од двајцата заменици-министри за надворешни работи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израелските медиуми со различни резултати од излезните анкети за парламентарните избори

Во Конго регистрирани повеќе од 10.000 случаи на ебола – најбрзо растечка епидемија на болеста во историјата

САД следната година ќе ја испратат првата подморница на нуклеарен погон во Австралија