Утрински Весник
Свет

Папата повика на помирување меѓу православните и католиците

Папата повика на помирување меѓу православните и католиците

Папата Франциско од Никозија денеска повика на помирување на православните христијани од истокот и католиците од западот.

Тој изјави дека хуманитарната соработка може да биде средство за надминување на вековното несогласување меѓу православните и римокатолиците.

„Вековите поделби и раздор не принудија, дури и неволно, да прифатиме непријателство и предрасуди едни против други, кои предрасуди често се засноваат на оскудни и искривени информации“, рече Папата.

Архиереите на Кипарската православна црква сакаат да ги зајакнат врските со Светата столица бидејќи малцинските христијански заедници во блиските земји се чувствуваат загрозени.

По турската инвазија во 1974 година, околу 170.000 христијани избегаа од северот на Кипар, каде што сега живеат претежно Турци, а беа уништени цркви, манастири и други симболи на христијанството.

Уништувањето на христијанските верски објекти беше меѓу клучните теми на разговорот меѓу архиепископот Златоуст и папата Франциско.

Кипарците се надеваат дека папата, како влијателна личност, може да помогне во заживувањето на преговорите за повторно обединување на Кипар и да помогне во враќањето на ограбените верски уметнички дела, вклучувајќи икони, фрески и мозаици.

Пристигнувајќи вчера, Францис ги повика кипарските Грци и Турци да продолжат со преговорите, велејќи дека заканите и демонстрациите на сила само го продолжуваат расколот што трае речиси половина век.

Можете да прочитате

Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко