Утрински Весник
Спорт

Лапорта: Дембеле е подобар играч од Мбапе

Лапорта: Дембеле е подобар играч од Мбапе
Img 5587

Претседтелот на Барселона, Џоан Лапорта, уште еднаш потврдил дека клубот ќе ги продолжи преговорите со Усман Дембеле. Актуелниот договор на францускиот репрезентативец истекува по завршувањето на сезоната, доколку не го продолжи ќе го напушти клубот како слободен играч или Барселона ќе го продаде во јануарскиот преоден рок.

Медиумите од Барселона, тврдат дека Дембеле сака да остане во клубот, меѓутоа неговиот менаџер имал поинакви планови. Го терал својот клиент да се пресели во Премиер лигата каде може да добие поголема плата.

300x250 (7)

„Ние излеговме со понуда. Мораме да му покажаме дека некогаш не е се во парите. Мислам дека проблем е во менаџерот. Лично го обожувам Дембеле. Сметам дека тој е подобар играч од Мбапе. Се надевам дека ќе остане во Барселона“, рекол Лапорта.

Усман Дембеле во Барселона пристигна во 2017 година од Борусија Дортмунд. Поради честите повреди, за четири години одиграл само 82 натпревари.

> Лапорта: Дембеле е подобар играч од Мбапе <

Ss1

Можете да прочитате

Челси на „Вила парк“ се врати од 0:2, ВАР му ја украде победата во 96.минута

АБА2: МЗТ Скопје Аеродром поразен од Спартак

Обрадовиќ: Ова е мој клуб, мој град, на ниту едно друго место не е како во Партизан