Утрински Весник
Македонија

Папандреу и Катругалос ја поздравија одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија

Папандреу и Катругалос ја поздравија одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија
Screenshot

Атина, 25 март 2020 (МИА) – Поранешниот грчки премиер и претседател на Социјалистичката интернационала, Јоргос Папандреу и поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос ја поздравија вчерашната одлука на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.

Папандреу преку неговиот официјален „Твитер“ профил оцени дека е тоа е позитивна порака, а Катругалос во писмена изјава вели дека е исправена големата грешка на ЕУ.

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

– По многу одложувања, ЕУ даде зелено светло за пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија. Позитивна порака, толку потребна во овие тешки времиња, напиша Папандреу на „Твитер“.

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, вели дека одлуката придонесува за стабилноста и развојот на двете земји.

– Одлуката на Советот за општи работи за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија ја исправа големата грешка на ЕУ. Главно, во најкритичен момент, придонесува одлучувачки за стабилноста и развојот на Албанија и Северна Македонија, а отвора и едно ново поглавје за мир и соработка на Балканот и пријателство меѓу нашите народи. Во период кога Грција се соочува со големи глобални и регионални предизвици, од особена важност е што со Договорот од Преспа, се запре брзиот тек на дестабилизација и отуѓување од ЕУ на земјите што се на нашата северна граница, вели Катругалос.

Во однос на Албанија, тој упатува критики за позицијата на актуелната грчка Влада. ср/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Турски министер за транспорт: Хеликоптерот со кој се превезувал Раиси немал или не вклучил систем за сигнализација

Милошоски: Во моментот имаме 61 пратеник и продолжуваме со преговорите со ВРЕДИ, на ДУИ и Ахмети им е изгубен компасот, време им е за опозиција 

Уапсен судија од Врховниот суд – фатен со мито од 10.000 евра