Утрински Весник
Македонија

Општина Гевгелија обезбеди заштитни маски за граѓаните

Општина Гевгелија обезбеди заштитни маски за граѓаните

Гевгелија, 25 март 2020 (МИА) – Активисти на едно граѓанско здружение денеска во центарот на градот на граѓаните им ги делат осумте илјади заштитни маски што Општина Гевгелија ги доби како донација од валандовската конфекција „Дока текстил“.

Градоначалникот Сашо Поцков изрази благодарност за донацијата и солидарноста на „Дока текстил“ која покрај редовниот производен процес со донацијата ја потврди и својата општествена одговорност.

Поцков апелираше до граѓаните да не шират фама за недостиг на заштитни маски, бидејќи Општина Гевгелија преку оваа донација обезбеди доволно маски за заштита од ширењето на коронавирусот.

– Повикувам на смирененост и трезвеност во овие сериозни моменти за нашата земја,вклучително и нашата општина во која заштитните маски денеска ќе бидат дистрибуирани до сите граѓани,нагласи Поцков.

Заштитни маски во текот на денот ќе се достават и до сите населени места на територијата на Општина Гевгелија. им/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

На полноќ Судскиот совет ќе одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Ќерим: Пораката на Сиљановска Давкова беше за мнозинството граѓани што гласаа за неа, а не да се испровоцира Грција

Мицотакис ја актуелизираше трговската ознака „Macedonia the Great“ како „моќно средство на економската дипломатија“