Утрински Весник
Македонија

Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница

Панова: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова реагира на како што вели неспособноста на Филипче и Заев која резултираше со над 144.000 заразени и над 4.300 починати од Ковид-19.

„Илјадници наши сограѓани мораа да се лечат во приватни болници, за што беа принудени да платат и до 15 илјади евра, некои ги даваа последните пари, некои подигаа кредити, а некои собираа донации. Власта сите ги втурна во сиромаштија. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ во наредните денови ќе предложи дополнување на Законот за здравствена заштита, со кое ќе се предвиди рефундирање на разликата во цената помеѓу приватното и државното здравство на граѓаните кои се лекувале од Ковид- 19 во приватните болници“, истакна Панова.

Дополнително, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи сите, кои нема да можат да бидат примени во државна установа, да можат да отидат во приватна болница, каде ќе бидат лечени по цени, исти како и во државното здравство.

„Државата мора да биде во служба на народот. Никој не смее да трпи и страда, затоа што власта е неспособна“, рече Панова.

Таа објасни дека со дополнувањата на Законот за здравствена заштита, ВМРО-ДПМНЕ ќе предвиди граѓаните со хронични и останати болести, кои повеќе од 60 дена се на листа на чекање за некоја операција или друга здравствена, дијагностичка и интервентна услуга во државното здравство, да можат да отидат во приватна болница, а услугата да ја платат по цена како во државното здравство.

„Македонија мора да биде земја која се грижи за своите граѓани“, рече Панова.

Можете да прочитате

Семејствата на жртвите од „Пулс“ против концертот за Петровден – Крстевски откажа, но беше исвиркан

МВР брани насилници, ете зошто жените тука завршуваат мртви, рече Арсовска

Петровска: Вчера пратеничка денес градоначалничка кој е следен ?