Утрински Весник
Свет

Пандемијата ги остави без работа угостителските работници во Германија

Пандемијата ги остави без работа угостителските работници во Германија

Секој четврти вработен во угостителството во Германија остана без работа поради пандемијата на корона вирусот.

Според податоците на Заводот за статистика на Германија, во првите десет месеци од минатата година бројот на вработени во угостителството бил за 23,4 отсто помал во однос на истиот период во 2019 година.

Во најтешка ситуација се вработените во кафеаните и кафулињата, каде бројот на вработени е намален за 44,7 отсто од избивањето на пандемијата.

Во рестораните има 22,5 отсто помалку работници. „Најбезбедни“ се вработените во фирмите кои се занимаваат со „угостителство“, каде што на платен список се „само“ 17,1 отсто од работниците.

Можете да прочитате

Москва предупредува на ризик од конфликт околу Калининград, НАТО негира закана за Русија

Британскиот премиер: Треба да размислиме за враќање во ЕУ

Жесток руски напад врз Киев има мртви и ранети