Утрински Весник
Свет

Палестина останува посветена на ветувањето за парламентарни избори

Палестина останува посветена на ветувањето за парламентарни избори
300x250 (7)

Палестинскиот министер за надворешни работи, Ријад ал-Малики, го информираше својот руски колега Сергеј Лавров за причините за одложување на парламентарните избори и ја потврди посветеноста на Палестина да ги одржи на сите територии, пренесува ТАСС.

„Разговаравме за околностите што ја принудија владата на Палестина да ги одложи изборите што требаше да се одржат на 22 мај. Објаснивме јасно и детално што нè натера да донесеме таква одлука. Исто така, потврдуваме дека палестинската држава е посветена на одржување на изборите на сите палестински територии, вклучително и во Источен Ерусалим. Тоа е наша обврска кон меѓународната заедница и кон палестинскиот народ“, рече Ал-Малики.

300x250 (7)

На палестинските територии не се одржани избори од 2006 година. Формално, претседателскиот мандат и овластувањата на членовите на Палестинскиот законодавен совет веќе се истечени.

Изборите првично беа закажани во втората половина на мај, но палестинскиот лидер Махмуд Абас ги одложи изборите во Палестина сè додека не се гарантира учеството на жителите на Источен Ерусалим.

Абас рече дека Израел не дал дозвола да спроведе изборна кампања во Источен Ерусалим пред изборите за палестинските раководни тела, поради што меѓународната заедница мора да изврши притисок врз еврејската држава.

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема