Утрински Весник
Свет

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер Едуард Филип денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување на „позелените“ економски политики и привлекување гласачи пред потенцијалната нова кандидатура за шеф на државата.

Неговото заминување се очекува да го отвори патот за реконструкција на владата, објави „Jуро њуз“.

Филип ќе продолжи да ја предводи владата сè додека не биде назначен новиот кабинет, објави Елисејската палата.

Овој потег ги потврди шпекулациите за реорганизација на владата, откако францускиот претседател рече дека следната фаза од неговиот мандат ќе биде проследена со нов владин тим. Шпекулациите за позицијата на Филип започнаа од средината на јуни.

Филип (49) е премиер на Франција од 15 мај 2017 година.

Тој е адвокат по професија, долгогодишен член на Унијата на народното движење, која подоцна стана Републиканска партија.

Анонимни, информирани кругови во палатата Матињон тврдат дека Филип има амбиции да се кандидира на следните претседателски избори.

Во Франција, вообичаено е премиерот да поднесе оставка пред реконструкцијата на кабинетот, но тој може да биде именуван повторно на таа функција.

Текстот Падна француската влада, премиерот поднесе оставка е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Портпаролот на терористичката „ИД“ го пофали нападот што го изврши во концертна сала во московскиот регион

Трагедија во Јужна Африка: 45 лица загинаа во автобуска несреќа

Илјадници налози на Телеграм блокирани поради повици на терористички напади