Утрински Весник
Македонија

Од скопските јавни површини собран за 50 отсто повеќе отпад од лани

Од скопските јавни површини собран за 50 отсто повеќе отпад од лани
Img 5587

Во првите шест месеци од годинава од диви депонии во Скопје биле отстранети 7.081 кубни метри отпад, што претставува зголемување од над 52 проценти во однос на расчистените диви депонии на јавни површини во истиот период минатата година, информираат од ЈП „Комунална хигиена“.

Од таму додаваат и дека во периодот јануари-јуни годинава работниците подигнале и транспортирале вкупно 74.578 тони комунален отпад од скопските домаќинства во урбаниот и во руралниот дел на градот.

Ss1

Со цел спречување на ширењето на Ковид-19, скопското јавно претпријатие во овој период секојдневно спроведуваше машинско миење со автоцистерни и дезинфекција на сите булевари и поголеми улици во градот.

„И во претстојниот период наш врвен приоритет ќе остане заштитата на јавното здравје и намалувањето на ризикот за проширување на коронавирусот. Во таа насока, неодамна беше отворено и ново одделение за грижа за корисници, при што на граѓаните им ја понудивме можноста за онлајн плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад, со цел полесен, побрз и побезбеден пристап до услугите од доменот на административното работење“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани.

Текстот Од скопските јавни површини собран за 50 отсто повеќе отпад од лани е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ и ДУИ имаа две сценарија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија 

Ковачевски: СДСМ секогаш била рамо до рамо со граѓаните