Утрински Весник
Свет

Паднаа веб-порталите на Кремљ и руските министерства

Паднаа веб-порталите на Кремљ и руските министерства

Денес, неколку владини веб-портали паднаа и беа недостапни надвор од Русија.

Причината сè уште не е позната, јавува Си-Ен-Ен.

Меѓу страниците кои беа недостапни надвор од Русија беа англиската верзија на официјалната веб-страница на Кремљ и веб-страницата на руската војска.

Според аналитичарот Даг Медори за Си-Ен-Ен, порталите паднале поради DDOS нападите на сајтовите на руската влада.

Станува збор за еден вид на напад во кој веб-порталите се преплавени со голема количина на лажен сообраќај, што ја отежнува нивната работа.

Можете да прочитате

Ретка и опасна варијанта на ебола се шири во Конго – нема ниту вакцина

САД воведоа нови царини кон 60 држави

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“