Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе предлози за издавање казнени налози во висина од по 2 000 евра за едно лице што не спровело самоизолација и три лица кои не го почитувале полицискиот час.
– Едно лице е обвинето за кривичното дело бидејќи не ги почитувал наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да го напушти престојувалиштето, обвинетиот не бил пронајден при вршење на контрола, информираат од ОЈО.
Три лица се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.
За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2000 евра во денарска противвредност. аа/са/