Утрински Весник
Македонија

Оштетени голем дел од автобуските постојки во Битола

Оштетени голем дел од автобуските постојки во Битола

Во само неколку дена, засега непознати сторители оштетиле голем број од автобуските стојалишта во Битола, информираат локалните власти.

„Искршени или оштетени се објектите на стојалиштата, кои претходно, целосно беа реконструкирани и исчистени од страна на Општина Битола“, се наведува во соопштението.

Во него, властите упатуваат апел да не се уништуваат јавните добра, бидејќи постојките се наменти за олеснување на транспортот на сите патници кои при дожд и ветер имаат каде да се засолнат, чекајќи ги автобусите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница