Утрински Весник
Свет

Оштетена статуата на рускиот цар Патар Велики во Лондон

Статуата на рускиот цар Петар Велики, во Депфорд во јужен Лондон, која руската влада ја донираше на Велика Британија, е оштетена во обид за грабеж, па сега прашање е кој ќе плати за поправката вредна неколку илјади евра, објави „Гардијан“.

Сопствениците на станбената населба на Темза, која ја опкружува статуата, „Милениумски клуч“, предложија руската амбасада да ја плати сметката.

Руската амбасада не одговорила на барањето за коментар, објави „Гардијан“.

Статуата на Петар Велики, дело на скулпторот Михаил Чемјакин, еден од омилените уметници на Владимир Путин, го прикажува младиот император во Депфорд во 1698 година, каде што требало да учи од Англичаните за бродоградба.

Менаџерот на населбата „Милениумски клуч“, Џоел Колман изјави дека е можно да се обнови статуата доколку се дознае кој е нејзиниот сопственик.

„ Ако не го најдеме сопственикот, ќе ги повикам Русите. Бидејќи тоа беше подарок од рускиот народ, можеме да видиме дали руската амбасада ќе плати за тоа“, рече Колман.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел