Утрински Весник
Спорт

Официјално: УС Опен без публика на 31 август

Судбината на УС Опен ќе стане јасна во јуни

Њујорк, 16 јуни 2020 (МИА) – УС Опен ќе се одржи помеѓу 31 август и 13 септември во Квинс, Њујорк, а на трибините нема да бидат пуштени навивачи. Веста ја потврди гувернерот на „Големото јаболко“ – Ендру Куомо.

Тој додаде дека Американската тениска асоцијација ќе стори сé што е можно за да обезбеди заштитни мерки и ќе ги преземе сите неопходни мерки на претпазливост за да се осигури дека играчите и нивниот персонал не се чувствуваат загрозени.

На лице место ќе бидат обезбедени тестови, дополнителна дезинфекција, повеќе простор во соблекувалните и обезбедено засолниште и транспорт.

Сепак, друго прашање е колку од големите sвезди ќе учествуваат. Досега прва што соопшти за своето отсуство е Симона Халеп.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА ќе ја преиспита својата стратегија за продажба на влезници за СП2030

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале

Успешно реализирано Светското училишно првенство во ракомет – Македонија ја оправда довербата на светската спортска сцена