Утрински Весник
Македонија

Отстранети 28 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Санкционирани 386 непрописно паркирани возила во општина Центар

Скопје, 28 март 2020 (МИА) – Вкупно 28 возила се отстранети со специјалните возила „пајак“ од јавните површини на Град Скопје во текот на изминатата недела поточно од 20 до 26 овој месец. Единаесет од нив се отстратени од зонските паркиралишта, а останатите 17 по налог на сообраќајната полиција по разни основи за непрописно паркирање.

Во истиот период контролорите на зонските паркиралишта санкционирале 107 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 11 возила се отстранети со „пајак“ службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

– Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, велат од Град Скопје. бак/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Мицотакис: Не гласавме за договорот од Преспа затоа што со него се признава македонската нација и јазик

Петровска: Нападот на Кацарска е напад на слободата и демократијата