Утрински Весник
Македонија

Контролирана изолација на група битолчани во Битола

Контролирана изолација на група битолчани во Битола

Битола, 28 март 2020 (МИА) – Со одлука на надлежните јавни власти и со претходно одобрување за користење на хотел „Широк Сокак“ во Битола, од синоќа во овој град на контролирана изолација се група граѓани, повратници од Малта, најголем дел жители на овој град.

Во соопштение до јавноста, од Општина Битола информираат дека лицата кои се во контролирана изолација имаат постојан полициски надзор, на сите им е извршен лекарски преглед и неоправдани се реакциите на социјалните мрежи во врска со одлуката за нивно сместување во централното градско подрачје.

Изолацијата која до сега беше во сопствените домови, како мерка е подобрена со изолација контролирана на ваков начин и со 24 часовен надзор, а тоа не остава можност за непочитување на мерката изолација. Никој од изолираните не претставува опасност за градот затоа што тие постојано ќе бидат надгледувани, соопштуваат од секторот за односи со јавност на Општина Битола.

Од тамошната локална самоуправа посочуваат дека треба да надвладее разумот и не е потребно стигматизирање на битолчани кои се контролирано изолирани во својот град, а се вратиле по престој во странство.

Како што е познато хотел „Широк Сокак“-Битола, со кој стопансисува хотел „Епинал“ во Битола, донесе одлука хотелот да го понуди на Министерството за здравство и ги отстапи  своите сместувачки капацитети за формирање на државен карантин за населението со цел справување со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. мт/бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”