Утрински Весник
Македонија

Отстранети 277 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Отстранети 277 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 227 возила од јавните површини во Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 40 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 187 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Од Град Скопје информираат дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 387 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 40 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, наведуваат во соопштението.скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведени крадци во гостиварско – 24info.mk

Мицкоски: Над 10 општини аплицирале за капитални проекти како дел од проектот 250 милиони евра за општините, бројката расте

Меџити од Вашингтон: Северна Македонија има за цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година