Утрински Весник
Македонија

Отпочнаа преговорите за Албанија, а за Македонија фазата на отворање на преговорите, велат од опозицијата

На официјалната веб страна на Европскиот Совет во делот на соопштенија од Советот, во две засебни соопштенија за меѓувладините конференции, помеѓу Албанија и Македонија со ЕУ се гледа кој почнува преговори, а кој ќе чека уште, коментира ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Албанија почнува преговори, а Македонија уште е во чекална. За Македонија да ги почне преговорите треба да се бугаризира, и тоа е директна вина на Ковачевски. Предавникот Ковачевски трајно ги наруши македонските преговарачки позиции и нашите црвени линии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозициската партија повтори дека нема да дозволи промена на Уставот. Оттука уверуваат дека пратениците на партијата нема да гласаат за промена на Уставот.

Се додава дека Македонија мора да преговара со ЕУ под услови кои важеле за сите.

Можете да прочитате

“Транспарентност” по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, Левица бара итно да се повлече предлог-законот

Претрес во валандовско, пронајдени ловечко оружје и муниција

Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави