Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Откриено како Ковид-19 предизвикува губење на чувството за мирис

Откриено како Ковид-19 предизвикува губење на чувството за мирис
300x250 opst2

Губењето на чувството за мирис е еден од најчестите и најраните симптоми на Ковид-19, а група американски научници тврдат дека ја пронашле причината за овој феномен.

Според „Скај њуз“, утврдено е дека сензорните неврони кои го детектираат мирисот и го пренесуваат до мозокот, не се меѓу клетките за чувство за мирис кои се зафатени од коронавирусот.

Всушност, вирусот ги напаѓа клетките кои овозможуваат метаболичка и структурна поддршка на овие неврони, како и одредени матични клетки и клетки на крвните садови, велат научниците од Медицинскиот факултет на Универзитетот Харвард, кои исто така наведуваат дека губењето на чувството за мирис предизвикано на овој начин не е трајно.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?