Утрински Весник
Македонија

Откриени 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва во Берово

Откриени 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва во Берово

Полициски службеници од Берово во содејство со шумска полиција одзедоа околу 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва на повеќе локации.

Вчера околу 23 часот во дворот од куќа на ул.„Маршал Тито“ во Берово, сопственост на М.П., биле пронајдени околу 17 метри кубни огревни дрва.

Денеска, пак, во с.Двориште, на место викано „Буково“, во приколка биле пронајдени бесправно исечени 18 метри кубни борови дрва.

На друга локација во с.Двориште биле пронајдени 15 метри кубни букови огревни дрва.

Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата биле предадени на шумска полиција.

По комплетно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, најави МВР.

Можете да прочитате

Опасен тренд се шири на Инстаграм: Деца од Скопје упаѓаат во објекти и се качуваат на ризични височини

Вештачење за „Пулс“: Градежен инспектор има право и обврска да реагира во градба, но и при пренамена, доградба или менување на објектот

ДОМ: Пехчево покажа дека јавниот интерес мора да биде пред нетранспарентните договори