Утрински Весник
Свет

Откриена причината за смртта на принцот Филип

Откриена причината за смртта на принцот Филип
300x250 (7)

Според официјалниот извештај, принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, починал од старост. Бакингамската палата претходно објави дека војводата од Единбург „замина мирно“ на 9 април, во замокот Виндзор, без да открие детали за неговата смрт.

Британските медиуми сега имаа пристап до официјалните извештаи во кои се наведува дека принцот Филип починал од старост и дека нема други болести или повреди што влијаеле на трагичниот исход.

Ss1

Во извештајот не се споменува дури ни проблемот со срцето, поради кој принцот Филип беше опериран на почетокот на годината, кога мина речиси еден месец во болница. Медиумите наведуваат дека лекарот може да ја наведе возраста како причина за смрт во случај пациентот да има повеќе од 80 години и да се влоши општата состојба на пациентот.

Војводата беше пуштен од болница во март, а последните денови ги помина со кралицата во замокот.

Тој беше погребан на 17 април, а неговите најблиски го испратија на вечно почивање.

Погребот на војводата од Единбург, меѓу другото, ќе остане запаметен по тоа што се одржа под негова лична режија. Починатиот принц не сакал „помпа“ и државен погреб. Затоа, тој имал церемонијален погреб, исто како што сакал.

Кралицата се врати на своите должности по погребот.

Ss1

Можете да прочитате

И Порошенко се најде на руска потерница

Русија распиша потерница по Володимир Зеленски

Бројот на жртвите од поплавите во Бразил се зголеми на 56