Утрински Весник
Македонија

Откорнати дрвја во невремето кое го зафати Скопје

Невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и грмежи, попладнево го зафати Скопје.

Голем дел од улиците како што пишуваат граѓаните на социјалните мрежи се под вода, а некои не се достапни за сообраќај.


Како последица на силниот ветар, во Чаир биле забележани неколку откорнати дрвја и искршени гранки, фотографии какви што се споделуваат по социјалните мрежи.

Засега нема информации за причинета материјална штета.

Можете да прочитате

Стојчевски: Да се стопираат градилиштата додека не се провери безбедноста при работа

УКИМ избра ректор – 24info.mk

Вреди од 9 мај со нова структура: Касами и Меџити копретседатели!