Утрински Весник
Македонија

Отворен предмет за забава која во саботата ја организирал локал во Прилеп

Отворен предмет за забава која во саботата ја организирал локал во Прилеп
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилепското основното јавно обвинителство по допрен глас оформи предмет против локал во овој град, каде во саботата вечерта била организирана забава со поголем број посетители.

Поради ова локалот односно неговиот упраавител се товари дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на пандемија.

Постапувајќи по предметот, прилепското обвинителство издало наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази.​

Вестите за забавите во баровите и ноќните клубови викендов беа главна тема, откако се дозна за неколку вакви случаи во Струмица, Виница и Прилеп.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е СДСМ да зборува за загаден воздух

Македонија вечерва меѓу најзагадените во светот