Утрински Весник
Култура

Отворен Дом на културата во Драчево

Отворен Дом на културата во Драчево

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, министерката за култура, Ирена Стефоска, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ, денеска во Драчево го отворија Домот на културата.

„Во новиот објект жителите од селото и населбата Драчево, а и сите граѓани од Скопје и од државата, во Домот на културата/во киното ќе имаат можност во современи услови да следат филмови и театарски претстави, да прават промоции на книги и изложби на уметнички дела, да организираат и да следат културни манифестации, да организираат саем на книгата и сл.“, соопштија од Општина Кисела Вода.

Во Домот на културата ќе биде сместена подрачна канцеларија на Управата за водење на матичните книги, ќе се вадат изводи и државјанства, а ќе се склучуваат и бракови.

Во објектот обезбеден е и простор за најстарото Културно-уметничко друштво „Китка“ од Драчево, а во него се наоѓа и канцеларијата на месната заедница од селото Драчево, која за потребите на граѓаните од следната седмица, поточно од понеделник, ќе биде во функција.

Вкупната површина на објектот е 1.185 квадратни метри и има 171 седиште.

Изградбата на Домот на културата, Општината ја чинеше 39.923.725 денари. Дел од средствата беше обезбеден од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“