Софтверската компанија Сеавус, веќе петта година по ред организира талент програма за оние кои сакаат да започнат кариера како инженери за ИТ операции и поддршка.
Кандидатите кои ќе се пријават ќе имаат можност да се запознаат со оперативните процеси и да стекнат почетничко знаење во неколку области, како што се: основи на ИТ операции и поддршка според ИТИЛ стандардизација, основи на оперативните системи Linux и Windows, вовед во “клауд компјутинг,” администрирање и одржување на MS SQL или Oracle серверите, Shell и Powershell скриптирање и вовед во ИТ безбедност.
Талент програмата е со времетраење од пет недели, почнувајќи од месец март, три пати во неделата, односно осумчасовна интерактивна и практична програма водена од нашите ИТ експерти.
По завршувањето на талент програмата, најдобрите ќе имаат можност за вработување во Сеавус во дивизијата Managed Services, која веќе втора година по ред е вброена во листата на топ 100 Managed Services провајдери во светот.
“Во изминатите пет години, Сеавус има вработено триесет и два инженери кои имаат изградено успешна кариера. Искуството да се работи како дел од тимовите на нашата дивизија е навистина голем предизвик за сите инженери кои тукушто дипломирале или се во завршна година од своите студии. Вообичаено, интересот за талент програмата е голем, и добиваме меѓу 30-50 апликации. После процесот на селекција, 12-15 кандидати се вклучуваат во програмата”, изјави Глигор Добривојевски, technology line менаџер, во дивизијата Managed Services.
Аплицирањето е во тек, и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк:
За Сеавус
Сеавус е компанија за развој на софтвер и консалтинг-услуги со докажано искуство во успешни софтверски бизнис-решенија. Компанијата брои преку 800 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS/OSS, CRM, CEM, Business Intelligence решенија, ALM, Embedded програмирање, бизнис и потрошувачки производи, мобилни апликации и гејминг решенија, Managed Services, како и консалтинг и развој на апликации побарање на клиентите. Во портфолиото на Seavus се вбројуваат над 4.000 клиенти, меѓу кои светски телеком оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации од банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн. Денес „Сеавус“ има петнаесет оперативни канцеларии лоцирани во неколку земји, вклучувајќи ги Шведска, САД, Северна Македонија, Белорусија, Молдавија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина, со стратегија за континуиран раст.
За Групација АРИКОМА
Најголемиот ИКТ-холдинг во Чешка. Во групата спаѓаат компаниите AUTOCONT, Cleverlance, DataSpring, AEC, Cloud4com и Internet Projekt. Компаниите во Групацијата Арикома обезбедуваат ранг на услуги, почнувајќи од дизајнирање на ИКТ архитектура, инфраструктура и cloud услуги, имплементација на корпоративни апликации, па сè до развој на сопствени сеопфатни софтверски решенија и аутсорсинг. Минатата година вкупниот приход на групата надмина 270 милиони евра, односно 7 милијарди чешки круни.