Утрински Весник
Свет
Img 7972

Отворени училиштата во неколку американски држави

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата
300x250 opst2

На почетокот на учебната година, децата во неколку американски држави се вратија во училиште, дури и таму каде што коронавирусот сè уште е активно присутен.

Уште во првата учебна недела, најмалку 260 ученици и осум наставници од една приградска област во Атланта, биле ставени во карантин, откако повеќе студенти и наставници биле позитивни на тестовите за „Ковид-19“.

Во САД училиштата започнуваат со работа во текот на август, а се појавија поделби во мислењата дали треба да бидат отворени или не бидејќи епидемијата е сè уште многу застапена во земјата.

Поголемите градови, вклучувајќи ги Чикаго, Хјустон, Лос Анџелес и Мајами, се одлучија за виртуелна настава.

Гувернерот на државата Њујорк, кој беше во фокусот на епидемијата оваа пролет, но успеа да го ограничи нејзиното ширење, вчера рече дека училиштата можат да започнат со работа во области каде стапката на позитивни лица на направени тестови е под 5 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел и Хамас се договорија за првата фаза од мировниот план на Трамп за Газа

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги