Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојаноски: Кластерот Геријатрија го демантира Филипче дека епидемијата е под контрола

(Видео) Стојаноски: Кластерот Геријатрија го демантира Филипче дека епидемијата е под контрола

Додека владата на СДСМ и нејзините челници прогласуваат успешно справување и т.н. победа во борбата против пандемијата со Ковид-19, во здравствената установа Геријатрија – Скопје, имаме детектирано нов кластер и тоа токму помеѓу најранливата категорија на граѓани, изјави Синиша Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во здравствената установа Геријатрија – Скопје за неколку дена има околу 17 ново заболени.  Од Специјализираната болница „13 Ноември“ во Скопје, позната уште и како Геријатрија – Скопје, во официјалното соопштение велат: „Веднаш е постапено согласно протоколите, за изолирање на болните од останатите пациенти и спроведување на епидемиолошка анкета на вработените за спречување на ширење на инфекцијата како и мерки за дезинфекција“. Прашуваме зошто и како, ако веднаш е постапено според протоколите, имаме случај на интрахоспитална ширење на заразата и зошто бројката за неколку дена достигнува 17 лица заразени со корона вирусот“, рече тој.

Ова, додаде Стојаноски,  не смее и во никој случај не може да се третира како обична вест.

„Прашуваме дали воопшто е иницирана  постапка за откривање на причините за овој нов кластер и дали некој ќе понесе одговорност за овој случај? Колку за споредба, во соседна Србија, во првиот момент кога се дијагностицираа поголем број на заразени со корона вирусот во Геријатрискиот дом во Ниш, веднаш реагираше владиниот кризен штаб. Министерството за внатрешни работи го повика на одговорност директорот на институцијата поради основан сомнеж за тешко казнено дело против здравјето на луѓето, а во врска со неспречување на пренесување на високо заразна болест. Така реагираат институциите на системот кои што се функционални“, изјави Стојаноски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Жена од Кочани измамила тетовец, му ветувала странски документи

167 санкционирани возачи во Скопје

Вечерва уапсени се лица поврзани со убиството на докторот во Железара