Утрински Весник
Свет

Осум ранети, една жена е во критична состојба во пукотниците во Њу Орлеанс

САД: Две деца пукаа во полицијата, едно девојче e рането

Осум лица се повредени во пукање во Њу Орлеанс, меѓу кои и жена која била погодена во лицето, соопшти денеска полицијата.

Властите објаснија дека пукањето се случило нешто по полноќ, пренесуваат американските медиуми.

Брза помош префрлила жена во болница, која била застрелана во лицето и која била во критична состојба. Портпаролот на полицијата во Њу Орлеанс, Арон Луни, изјави дека другите седум повредени лица се во стабилна состојба.

Тој не даде детали за тоа што се случило, осврнувајќи се на тековната полициска истрага. Полицијата сè уште не објави дали некој е уапсен.

Можете да прочитате

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета

На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос