Утрински Весник
Свет

Осум лица во Германија се осудени за создавање нелегални сајтови

Осум лица во Германија  се осудени за создавање нелегални сајтови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Германски суд осуди осум лица за создавање нелегален центар за обработка на податоци во поранешен воен бункер.

Во тој нелегален центар се наоѓале таканаречените „хостови“ на сајтови кои се користат за продажба на дрога и други нелегални активности. „Хост“ е уред поврзан на Интернет кој нуди простор за корисниците да креираат страници.

Центарот во поранешниот бункер во Трабен-Тарбах, во западна Германија, беше затворен во септември 2019 година по полициска рација.

Судот во Трир денеска ги осуди сите осуммина обвинети за формирање и членство во криминална организација.

На крајот од судскиот процес, кој траеше повеќе од една година, главниот осомничен беше осуден на затворска казна од пет години и девет месеци.

Останатите се осудени на четири години и три месеци затвор до една година условна казна.

Можете да прочитате

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно

Екстремен студ на северот од Русија и Канада, затворени се училишта и градинки

Поплави во Шпанија, има мртви и исчезнати