Утрински Весник
Македонија

Осумнаесетгодишник силувал малолетна роднина во Гостивар

Осумнаесетгодишник силувал малолетна роднина во Гостивар

Осумнаесетгодишник од Гостивар силувал негова малолетна роднина која имала само 12 години.

Според информациите на Осовното јавно обвинителство – Гостивар, осомничениот вчера, околу 14:30 часот извршил обљуба со крвен сродник во права линија, дете на возраст од 12 години.

Осомничениот го пресретнал девојчето на пат и го насочил да се движи кон блиската продавница. По патот, во близина на стадион, тој започнал да го влече девојчето за рака и насилно го внел во тоалетите на објектот, каде преземал дејствија со кои го извршил кривичното дело родосквернавење.

Основниот суд Гостивар на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Можете да прочитате

Радиологија остана со неисправни КТ апарати, пациентите се пренасочуваат во две скопски болници

Муцунски по средбата во Софија: Кога ќе затвориме едно прашање со Бугарија, се отвора ново

Петрова-Чамова по средбата со Муцунски: Најдобрата гаранција се уставните измени и исполнувањето на договореното