Утрински Весник
Македонија

Останати се помалку од 5.000 вакцини за прва доза, најавени 70.000 од Бугарија и Грција

Останати се помалку од 5.000 вакцини за прва доза, најавени 70.000 од Бугарија и Грција

Останати се помалку од 5.000 вакцини кои се распределени да се даваат во новоотворените пунктови, а во сите други се врши ревакцинација, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Како што најави,  оваа недела треба да пристигнат 70 илјади вакцини – 50 илјади од Бугарија и 20 илјади од Грција, најверојатно вакцини на „Астра Зенека“. Останува, редовно, секој понеделник да пристигнуваат вакцини на „Фајзер” и се очекува да стигне голема количина вакцини, за кои се уште нема точен датум, а биле најавени за почетокот на јуни.

Во однос на влезот во Грција, министерот нагласи дека доволни се хартиените документи, потврдата за вакцинацијата и ПЦР-потврдите.

Филипче апелира граѓаните да останат внимателни и покрај стивнувањето на епидемијата.

Можете да прочитате

Почина актерот Гоце Тодоровски – 24info.mk

ЦУК предупредува: Доаѓа невреме со пороен дожд, силен ветер и град

Падна 23-годишник во полициска акција во Скопје – пронајдена поголема количина кокаин