Утрински Весник
Македонија

Оставка од функцијата поднесе заменик министерот за здравство Илир Хасани

Оставка од функцијата поднесе  заменик министерот за здравство Илир Хасани

Заменикот министер за здравство, Илир Хасани, преку својот фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата.

“Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со постапките за модуларните болници, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најчесто самите себе. Ништо над достоинството!, напиша Хасани.

Пред да стане заменик министер, Хасани беше директор на Ургентен центар.

Претходно денеска оставки поднесоа Флорин Бесими, кој ја извршуваше функцијата директор на Клиничката болница во Тетово и економскиот директор во болницата, Артан Етеми.

Можете да прочитате

Јахији победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ВМРО-ДПМНЕ го призна поразот

Мицкоски по поразот од ДУИ: Повеќе гласови, но недоволно за победа

НБРМ вчера смируваа, денес презедоа контрола – Што се смени во АЛТА банка за 24 часа?