Утрински Весник
Спорт

Основците во Египет ќе имаат предмет „Мохамед Салах“

Основците во Египет ќе имаат предмет „Мохамед Салах“

Во основните училишта во Египет се воведува нов предмет, „Мохамед Салах“. Предметот ќе треба да им помогне на децата во нивниот развој. Наскоро министерството за образование на Египе ќе започне со печатењето на книгите. Салах кога ќе биде на одмор во родната земја ќе ги посетува училиштата.

Мохамед Салах е еден од најдобрите играчи во светот и вистински амбасадор на својата земја. Преку предметот „Мохамед Салах“, децата учат за основните човекови вредност, скромноста, приврзаноста кон татковината.

Државата Египет на овој начин сака да му се заблагодари на Салах за неговиот придонес кон спортот на национално и глобално ниво.

> Основците во Египет ќе имаат предмет „Мохамед Салах“ <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија