Утрински Весник
Македонија

Приведен битолчанец за издржување на затворска казна

Приведен битолчанец за издржување на затворска казна

37-годишен битолчанец е уапсен од страна на припадници на единицата „Тигар“ во Битола за издржување на затворска казна, соопшти полицијата.

Вчера околу 21.15 часот врз основа на наредба од Основен суд Битола, од страна на полициски службеници од СВР Битола и САЕ „Тигар“ на ул.„Партизанска“ во Битола лишен е од слобода Б.У.(37) од Битола.

Притоа, при преглед кај него е пронајден и одземен метален боксирач.

Тој е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот