Утрински Весник
Македонија

Османи: Продолжуваме со заложбите за промоција на безбедноста и стабилноста

Османи: Продолжуваме со заложбите за промоција на безбедноста и стабилноста
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на виртуелниот министерски состанок на Алијансата за мултилатерализмот во организација на Министерот за Европа и надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан и Федералниот министер за надворешни работи на СР Германија, Хајко Маас, на маргините на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации.

„Како 30-та земја-членка на НАТО и земја во пресрет на формално отпочнување на преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината, Северна Македонија со нова посветеност и решителност ќе продолжи со своите заложби за промоција на безбедноста, стабилноста и одржливиот развој, глобално и регионално, заедно со своите сојузници и партнери“, подвлече Министерот Османи, реафирмирајќи ја посветеноста на земјата кон мултилатералната соработка, како еден од клучните приоритетите на надворешната политика на Северна Македонија.

На министерскиот состанок, посветен на зајакнувањето на мултилатерализмот, беше изразена силна поддршка на меѓународната соработка, меѓународниот правен поредок и меѓународните институции во функција на заедничко и координирано надминување на глобалните предизвици, со посебен фокус на пандемијата.

Исто така беа разгледани повеќе иницијативи во однос на меѓународната соработка во сегментот на здравството, климатските промени, сајбер-безбедноста и родовите аспекти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе