Утрински Весник
Магазин

Ана Де Армас со пријателка на ручек во калифоринската Венеција

Ана Де Армас со пријателка на ручек во калифоринската Венеција

Актерката Ана де Армас во четвртокот беше видена како руча со една пријателка во вегетаријанскиот ресторан The Butcher’s Daughter на познатата плажа „Венеција“ во Калифорнија.

32-годишната Кубанка избра лежерна комбинација – бела блуза со куси ракави и црни панталони – за прошетка и попладневен оброк.

Помина повеќе од еден месец откако Ана е забележана со нејзиниот 48-годишен партнер Бен Афлек со кого се запозна на снимањето на еротскиот трилер „Длабока вода“.

Последен пат беа видени заедно на плажата „Венеција“ на 20 август.

Прекрасната Кубанка е Бонд девојка во најновиот од серијалот филмови за тајниот агент 007, „Нема време за умирање“.

Афлек наводно е во Ирска каде што го снима „Последниот дуел“ во режија на Ридли Скот со најдобриот пријател Мет Дејмон како втор главен протагонист. Во филмот е и актерот од „Војна на Starвездите“, Адам Драјвер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Околу 1.200 АИ-агенти нашле недозволен канал за комуникација и се здружиле за мамење на тестови

Дневен хороскоп за 9 ноември: Овните да не брзаат, Вагите да кажат што навистина мислат

Дневен хороскоп за 09 ноември 2026 година