Утрински Весник
Македонија

Османи од Германија ја почнува надворешно-политичката турнеја

Османи од Германија ја почнува надворешно-политичката турнеја

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од утре започнува нова надворешно-политичка турнеја, со присуство во неколку значајни метрополи Берлин, Варшава и Блед (Словенија), со цел билатерални средби и учество на значајни меѓународни настани.

Османи утре ќе замине во работна посета на Германија на средби со министерот за надворешни работи, Хајко Мас, како и државниот министер надлежен за Европа Михаел Рот.

„Посетата има за цел да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија“, велт од МНР.

Од Берлин, Османи продолжува за Полска каде што ќе учествува на „Безбедносниот форум во Варшава”.

Во Варшава Османи, ќе оствари средби со неговиот полски колега, министерот, Збигњев Рау, но и со финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто и со други значајни политички претставници активни во сферата на безбедноста и транс-атлантските односи.

Во среда, Османи ќе се приклучи на државната делегација, предводена од Претседателот на Владата, со цел учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува во Брдо кај Крањ, во Словенија.

Можете да прочитате

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените